Кон американскиот конзулат во Ирак истрелани 12 проектили

Од:

Вкупно 12 балистички проектили беа истрелани врз американскиот конзулат во Ербил, главниот град на автономниот Курдистан во северен Ирак, соопштија утринава локалните власти.

Во нападите нема жртви, но причинета е материјална штета. Не се наведува колку е оштетена зградата на американскиот конзулат.

Проектилите биле истрелани од територијата надвор од границите на Ирак и Курдистан, од исток, соопштија официјални лица, пренесува Бета.

Нападот се случи по долго затишје во Ербил.

Вашингтон верува дека зад нападот стојат проирански фракции во Ирак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата