Компјутерскиот вирус „ВонаКрај“ веројатно е дело на хакери од Кина

Од:

Експерти за кибер безбедност утврдија дека компјутерскиот вирус „ВонаКрај“ (WaanaCry), кој кон средината на овој месец загрози повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји, би можел да биде дело на хакери кои потекнуваат од јужниот дел на Кина, Хонг Конг, Тајван или Сингапур, пишува весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Хакерите потоа со помош на Гугл преведувач ја преведувале содржината на други јазици.

Претходно, американската софтверска компанија „Симантек“ соопшти дека за нападот со кибер вирусот „ВонаКрај“ можеби се одговорни хакери од Северна Кореја.

Хакерите на 12 мај со тој вирус нападнаа компјутери ширум светот, барајќи од корисниците да уплатат одредена сума пари за да може повторно да им се овозможи пристап до блокираните документи, а според некои наводи, притоа се користени хакерски методи кои ги развила американската Агенција за национална безбедност (НСА).

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски