Коморовски во депресија се затворил во претседателската палата

Од:

Изборниот дебакл на претседателските избори на крајот на мај, полскиот претседател Бронислав Коморовски го преживува полошо отколку што се чинеше отпрвин, пишуваат локалните медиуми.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, медиумите наведуваат дека од денот на изборите, кога неочекуваната победа на 20 години помладиот и дотогаш речиси непознатиот Анджеј Дуда, Коморовски гордо ја пречека, од тогаш не е појавен во јавноста.

Полските медиуми тврдат дека претседателот во заминување паднал во депресија и се затворил во себе.

– Од претседателската резиденција на Белведере во Варшава, каде што живее со неговата сопруга Ана, тој практично не излегува, пишува полскиот „Факт” повикувајќи се на изјави на политичари од партијата на Коморовски, Граѓанската платформа (ПО).

Аналитичарите коментираат дека причината е поради губењето на довербата не само на граѓаните туку и на неговиот политички шеф Јарослав Качински.

Од анализите произлегува дека луѓето не гласале толку за Дуда колку што биле против 63-годишниот Коморовски, особено младите, незадоволни луѓе кои се без вработување, а во него гледаат политичка елита која ги довела до тој степен.

Зад разочарувањето на Коморовски „лежи” и претходно лажно создадената илузија дека тој е поддржан од широките маси, која ја создадоа медиумите.

Новиот претседател на Полска, Дуда на функцијата ќе стапи на 6 август.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази