Коморовски бара построги санкции кон Русија

Од:

Полскиот претседател Бронислав Коморовски ја повика денеска ЕУ да размисли за воведување на построги санкции кон Русија поради ескалацијата на вооружениот конфликт во Украина.

– Одговорот на западните земји треба да биде многу построг, истакна Коморовски на прес-конфернција во Варшава по артилерискиот напад во саботата врз украинскиот град Мариупољ, во кој загинаа 30 цивили.

Истовремено, Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека секој обид за зајакнување на економскиот притисок врз Русија поради насилството во Украина е „апсолутно деструктивен и неоправдан“.

– Наместо да се зголеми притисокот врз оние кои одбиваат да преговараат за мирно решавање на конфликтот, ние слушаме нови повици за економски санкции против Русија, нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он