Нацрт-законот, кој го одобрува доставувањето на оружје за сириската опозиција беше усвоен вчера во комисија на американскиот Сенат, јави ДПА.
Оваа мерка би ја ополномоштила Владата на САД да доставува оружје, да нуди воена подготовка и други услуги за проверени членови на сириската опозиција.
Законот предвидува формирање на преоден фонд од 250 милиони долари за изградба на институциите во Сирија, откако Башар ал Асад ќе си замине од власт, воведување дополнителни санкции против оние кои му продаваат оружје и нафта на Дамаск и проширување на хуманитарната помош.
Обама досега им достави хуманитарна помош, но не и оружје на бунтовниците, поради стравувањето дека тоа може да падне во рацете на радикални исламисти.