Командантот на украинската армија: На работ сме

Од:

Командантот на вооружените сили на Украина верува дека руските сили уште еднаш ќе се обидат да го освојат Киев. Првиот обид за освојување на Киев непосредно по почетокот на војната неславно пропадна. Во интервју за „Економист“, генералот Валериј Жалузни изјави дека украинската армија се подготвува за нов руски обид да го освои Киев, што според него би можело да се случи во февруари или март.

На новинарско прашање како ја оценува руската мобилизација на околу 300.000 резервисти и поранешни војници, тој рече дека е успешна: „Можеби не се најдобро опремени, но сепак ни претставуваат проблем. Проценуваме дека имаат резерви од 1,2 до 1,5 милиони луѓе. Русите подготвуваат околу 200.000 војници. Не се сомневам дека повторно ќе се обидат да го освојат Киев.

Жалузни вели дека неговите генерали пресметале колку тенкови, артилерија и војници и се потребни на Украина за да одбие уште еден руски напад врз Киев.

„Според моите пресметки, Русите потрошија околу 3,5-4 години интензивно подготвувајќи ресурси: работна сила, опрема и муниција. Имаа три месеци за да ги постигнат своите цели“, рече тој.

„Ми се чини дека сме на работ, балансираме на тенка линија“

„Сега тие веројатно бараат начини да ги прекинат борбите, т.е. да направат пауза по секоја цена: гранатирање цивили, оставање на нашите жени и деца да замрзнат до смрт. Им треба време да соберат ресурси и да создадат нов потенцијал за да можат да ги постигнат првичните цели“, изјави украинскиот генерал.

„Според мене, иако не сум експерт за енергија, ми се чини дека сме на работ. Балансираме на тенка линија. Ако ни ја уништат енергетската мрежа, тогаш војниците и жените и децата ќе почнат да смрзнуваат. Можете ли да замислите во какво расположение би биле нашите борци тогаш? Без вода, струја и греење, како можеме воопшто да зборуваме за подготовка на ресурси за продолжување на борбата, се запраша Жалузни.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море