Командантот на руската Црноморска флота се појави денеска, еден ден откако Киев објави дека е убиен

Од:

Командантот на руската Црноморска флота Виктор Соколов се појави денеска, еден ден откако Киев објави дека е убиен во украинскиот напад на Севастопол, на видео од состанокот одржан во руското Министерство за одбрана.

На видеото и фотографиите кои ги објави руското Министерство за одбрана може да се види дека Соколов присуствува на седницата со која претседава ресорниот министер Сергеј Шојгу, пренесува Ројтерс.

Снимката беше прикажана на руската државна телевизија.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, вчера на својот профил на платформата Х објави дека Соколов бил убиен во минатонеделниот украински напад врз Севастопол, заедно со уште 34 руски офицери.

Соколов има чин адмирал и доколку се потврди веста за неговата смрт, тој ќе биде највисокиот руски офицер убиен од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Тој е командант на Црноморската флота од август 2022 година, а чинот адмирал го доби во јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Британски “Економист“: Изгледа Русите ќе ја добијат војната во Украина

Карпентер: Русија останува изолирана во рамки на ОБСЕ, постигнат договор за фукционалноста на организацијата

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Ако Русија нападне членки на НАТО, американските деца ќе мора да се борат

Војната со Украина нема да заврши наскоро, првите преговри ги минирала Британија објави Лавров

Орце Костов

ВИДЕО: Во Украина оштетени или уништени околу 170.000 објекти, загинаа околу 10.000 цивили

Зеленски призна: „Ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим“