Командантот на армијата на Буркина Фасо прогласи создавање преодна Влада

Од:

Командантот на вооружените сили на Буркина Фасо, генерал Оноре Траоре, денеска соопшти дека го распушта Парламентот и дека создаванационална преодна Влада, која со земјата ќе управува најмногу една година, но не посочи кој ќе биде на нејзино чело, пренесоа британските медиуми.

-По консултациите со сите партии ќе се состави преодната Влада. Се очекува најдоцна за една година уставниот поредок да се врати во нормални рамки, изјави Траоре за време на прес конференцијата по денот на жестоки насилни протести во главниот град.

Лидерот на опозицијата во Буркина Фасо, Зефирин Диабре, од своја страна ја отфрли вонредната состојба во земјата, што претходно денеска ја воведе претседателот Блез Компаоре. Тој изјави дека оставката на шефот на државата на оваа западноафриканска земја е единственото решение за избувнатата криза, пренесоа британските медиуми.

Минатата недела Владата на Буркина Фасо ја соопшти својата намера да спроведе референдум за промена на Уставот, која ќе му овозможи на Компаоре, чиј втор мандат иетекува следната година, повторно да се кандидатира на следните претседателски избори во 2015 година.

Претходно денеска беше откажано гласањето во Парламентот за промени на Уставот, по масовните протестни акции и немирите во главниот град и другите градови во земјата, потсети  ТАСС.

Опозициски активисти упаднаа и ја запалија зградата на Парламентот и ја презедоа зградата на националната телевизија во престолнината Вагадугу.

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска