Командант Сиси: Египет ќе помогне во борба против Исламската држава

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси синоќа изјави дека Египет е подготвен да обезбеди поддршка во борбата против групата „Исламска држава“, истовремено повикувајќи на широка стратегија и искоренување на екстремизмот од регионот.

Сиси, во своето прво интервју за западен медиуми по преземањето на должноста во јуни годинава, нагласи дека Египет ја увиде опасноста од политичкиот ислам, како и дека доколку Каиро не реагирал најбројната нација во арапскиот свет би се соочила со граѓанска војна, како што сега се води во Ирак и Сирија.

Генерал Сиси истакна дека пред година предупредил на големата опаност, но никој не зборувал сериозно се до влошувањето на ситуацијата во Ирак и Сирија.

Сиси не прецизира на кој начин Египет ќе помогне на коалицијата предводена од САД во борбата против екстремистичката група „Исламска држава“.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро