Колумбиските безбедносни сили убија еден од водачите на дисидентите на ФАРК

Од:

Колумбијанските безбедносни сили убиле еден од водачите на дисидентите на ФАРК во операција во провинцијата Каука во југозападниот дел на земјата, објави претседателот Иван Дуке.

Евклидес Еспана, попознат како Џониер, беше водач на дисидентската фракција на демобилизираните Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) предводени од Џентил Дуарте, која не го признава мировниот договор од 2016 година меѓу ФАРК и колумбиската влада.

Договорот го направи бунтовничкото движење легална политичка партија, што доведе до драматично намалување на насилството, иако голем број вооружени групи продолжуваат да дејствуваат против владата, вклучително и дисиденти на ФАРК.

„Кој ќе направи злосторство ќе ја плати цената“, рече Дуке во видео пораката, придружуван од министерот за одбрана Диего Молан и полициските и воените лидери.

„Денес, Џониер, симбол на злото на југозападна Колумбија и важен водач на дисидентите на ФАРК, е неутрализиран“, додаде тој.

Еспана имаше седум дисидентски групи ФАРК под своја команда кои припаѓаа на фракцијата предводена од Дуарте, соопшти колумбиската полиција.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски