Колумбиската полиција заплени половина тон кокаин

Од:

Колумбиската полиција заплени половина еден тон кокаин, при специјална операција во северниот крајбрежен град Картахена, соопштија синоќа властите во Богота.

Наркодилерите ја прикривале својата активност преку фиктивна компанија за продажба на градежни материјали. Тие планирале кокаинот да го испратат во САД, каде можеле за него да добијат околу 20 милиони долари.

И покрај напорите на Владата, Колумбија останува еден од најголемите извозници на овој вид дрога во светот. Од почетокот на годинава во оваа јужноамериканска држава се запленети над шест тони кокаин.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда