Колумбиската полиција заплени 3,8 тони кокаин

Од:

Колумбиската полиција заплени вчера 3,8 тони кокаин кој се наоѓал во контејнери, чие одредиште било Мексико.

Според директорот на националната полиција Хозе Роберт Леон, се претпоставува дека дрогата била наменета за пазарот во САД, каде нејзината вредност би била околу 95 милиони долари.

Во документацијата за контејнерите пишувало дека во нив се наоѓа глицерин за фармацевтска употреба, а од колумбиското пристаниште Картагена требало да бидат превезени во Веракруз во Мексико.

Минатиот месец колумбиската полиција во Картагена во два наврати запленила вкупно 2,3 тони кокаин.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда