Колумбија во офанзива против пограничната трговија со дрога

Од:

Колумбија планира да распореди 400 војници за борба против шверцерите на дрога кои дејствуваат преку нејзините граници со Перу, Бразил и Еквадор.

„Седум единици со 400 војници и полицајци ќе бидат на првата линија на операциите за блокирање на коридорите за шверц на дрога од јужна Колумбија“, изјави синоќа за новинарите министерот за внатрешни работи, Алфонсо Прада, по состанокот на Советот за безбедност.

Колумбискиот претседател, Густаво Педро, првиот левичарски лидер во земјата, свика средба со високи претставници на оружените сили по неодамнешните судири меѓу вооружените групи во кои беа убиени 18 лица, а раселени десетина семејства во југозападниот департман Путумахо што граничи со Еквадор и Перу.

Отцепена фракција на герилците на ФАРК – Фронт Каролина Рамирез, е во оружен судир со групата Конадос де ла Фронтера.

Фронтот Каролина Рамирез припаѓа на најголемата фракција што се повлече од мировниот договор што предвидуваше и разоружување на ФАРК во 2017 година.

Според колумбиските власти, двете групи се борат за превласт и контрола на рутите на дилерите на дрога во шумите меѓу Колумбија и Еквадор.

„Влеговме во контакт со земјите со кои граничиме затоа што забележавме активност против која ќе се бориме со нашата армија, но и со меѓународна соработка“, рече министерот за внатрешни работи.

Тој рече дека колумбиската Влада се обратила и до властите во Панама и во Венецуела, каде што дејствува моќниот колумбиски картел „Клан де Голфо“ и колумбиските герилци на Националната ослободителна армија (ELN).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски