Колоната возила од придружбата на премиерот на Египет, Хишам Кандил беше цел на напад

Од:

Колоната возила од придружбата на премиерот на Египет, Хишам Кандил беше цел на напад од непознати напаѓачи во центарот на Каиро, но премиерот не е повреден.

Петмина напаѓачи од комбе отвориле оган врз автомобили од придружбата на Кандил, а потоа обезбедувањето на премиерот возвратиле на нападот.

Полицијата ги уапси напаѓачите. Властите тврдат дека во случајот нема политички мотиви туку станува збор за недоразбирање – имено, петмината мажи изјавиле во полицијата дека имале намера да се пресметаат со други луѓе, кога на патот им се појавила колоната возила на Кандил.

Тие рекле дека не знаеле оти во еден од трите автомобили од колоната бил и премиерот.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски