Колесникова: Ми ставија ќесе врз главата и ми се заканија со убиство

Од:

Белоруската опозиционерка Марија Колесникова тврди дека безбедносните службеници и ставиле ќесе врз главата и и се заканиле дека ќе ја убијат кога неделава насилно се обиделе да ја депортираат во Украина, се наведува во изјавата што денеска ја поднел нејзиниот адвокат.

Британските медиуми пренесуваат дека Колесникова изјавила дека е искрено се исплашила за својот живот.

„Особено ми беше нагласено дека доколку не ја напуштам Република Белорусија доброволно, тие сигурно ќе ме протераат, жива или во делови. Имаше закани дека ќе ме стават во затвор до 25 години”, напишала Колесникова во изјавата.

Нејзиниот адвокат изјави дека Колесникова поднесува кривични пријави против белоруските власти, вклучувајќи ја и безбедносната полиција – КГБ.

Колесникова, истакнат лидер на протестите против реизборот на претседателот Александар Лукашенко, го спречи обидот да биде протерана од земјата, со тоа што го искинала својот пасош.

Таа во моментов се наоѓа во притвор во Минск.

Колесникова била приведена под сомнение дека сторила предавство, како дел од кривичната постапка за обид за преземање на власта, ја цитираа руските меидуми изјавата на нејзиниот адвокат.

Во понеделникот беше објавена неофицијална информација дека оваа истакната опозиционерка „исчезна“, односно дека маскирани лица ја турнале во минибус. Информацијата беше објавена ден по масовните протести против Лукашенка во Минск за време на викендот.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина