Кој маршира против бегалците?

Од:

Дојче веле – Бон

Зошто токму Саск? Тоа прашање се наметнува по низата вести за ескалацијата на насилствата против бегалците и барателите на азил во таа сојузна покраина.

Речиси половина од сите случаи на расистичко насилство (61 од 130) минатата година се случија во источните делови на Германија, иако таму живеат само 17 отсто германско население. Треба да се почека статистиката за оваа 2015 година. Се поголем број на бегалци сигурно нема да влијаат бројот на нападите да се намали. Но, зошто ксенофобијата е толку изразена во источна Германија, посебно во Саск?

Нема дилеми, десно ориентираното движење Пегида поттикна ксенофобија во Саск. Не треба да се заборави дека во градовите и селата во западна Германија исто така паднаа објекти планирани за бегалците. Да ги наведеме само неодамнешните напади во Баварија или Баден Вуртенберг. Меѓутоа, во Саск тоа сепак има поинаква димензија. Не само што неонацистите вооружени со пивски шишиња и петарди, урлаат марширајќи по улиците на градовите на источна Германија, туку ги следат и загрижени постари граѓани и млади семејства. Психоаналитичарот и писател Ханс-Јоаким Мааз предупредува дека не смее да се потценува проблемот и да се сведува само на неколкумина десничари.

Лошо интегрирана источна Германија

Тоа е проблем за кој во јавноста не се зборува многу. – Во источна Германија постои голем број на т.н. губитници од обединувањето кое по 1989 година не биле добро интегрирани. Тој проблем се продолжува низ генерации, во семејствата, бидејќи и тие нови генерации се жртви на социјалните услови или животната средина – вели Мааз. Во неговата книга Застој на чувствата, објавена по обединувањето, тој психоаналитичар го опишува разочарувањето кај жителите на Источна Германија, чии очекувања не се исполниле по рушењето на Берлинскиот ѕид и падот на железната завеса.

Тие психолошки, душевни повреди се плодно тло за гнев и омраза. – Омразата е во потрага за објект на кој може да се истури без опасност. Барателите на азил се поволни објекти бидејќи се во посебна состојба на социјален стрес – вели Мааз. Проблемот со бегалците е реален проблем во германските градови на истокот на земјата, проблемот го отежнуваат преоптоварените општини и недостигот на комуникација со граѓаните.

Политикологот Вернер Патзелт укажува дека длабоката поврзаност на жителите на Саск за нивната татковина е причина и за зголемената загриженост и страв од странци: – Многу жители се идентификуваат со својата земја и сакаат таа повторно да биде толку убава како пред ДДР и нацистичкиот период. На нив им се чини дека доселувањето тоа го расипува и многу се плашат и тоа посебно од муслиманските доселеници. Такво сметање на препородот на Саск во просперитетната земја, многу луѓе не го прифаќаат и се обидуваат опасноста да ја отстранат во рана фаза – вели овој политиколог.

ЦДУ не нуди алтернатива

Владата на сојузна покраина Саск долго ја потценуваше таа омраза, можеби дури и ја игнорираше. Од почетокот на годината илјадници поддржувачи на Пегида извикуваат анти исламски и ксенофобични пароли. Саскиот премиер Станислав Тилич од ЦДУ, во јануари се спротивстави на канцеларката Ангела Меркел со изјавата дека исламот не е дел од Саск.

Десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија АфД, благодарение на анти исламската и кампањата против азил, во Саск освои места во парламентот. По неодамнешните нереди, Тилич беснее на десницата во Саск.

Патзелт во саската политика гледа соучесници. Владејачката Христијанско демократска унија ЦДУ е надлежна за десниот дел од политичкиот терен и премалку се труди тие кои може, да ги повлече од десниот раб во разумна партија. – Прво тоа создаде маневарски простор за Национал-демократската партија на Германија НПД, подоцна за АфД. Така се случи многумина да бидат препуштени на екстремната десница.

Да не се тривијализира проблемот

Психоаналитичарот Ханс-Јоаким Мааз вели дека, иако е потребно да се концетрираме на погледот на одредени региони, тоа не смее да послужи на ниедна страна за тривијалност на тоа прашање. Проблемот на десничарскиот екстремизам не е специфичност на источна Германија, туку на цела земја и на цела Европа. Тоа е пропуст на нашето минато – потенцира Мааз.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он