Кога раселените би имале држава, таа би била 21. на листата на најнаселени земји во светот

Од:

Ако 63,3 милиони лица кои се во моментов раселени од нивните домови би имале посебна земја, тоа би било држава со најмлади жители и со најбрз раст на популација, соопшти хуманитарната организација „Сејв д чилдрен“.

Наведено е дека ако раселените луѓе низ светот би претставувале една нација, тоа би била 21. држава на листата на најнаселени земји.

Во извештајот под наслов „Принудени да бегаат – 21. нација по големина“, организацијата ги претстави проблемите со кои се соочуваат раселените лица како и нивните потенцијали.

Претседателката на организацијата за заштита на децата, Каролин Мајлис, изјави дека „раселените треба да се замислат како жители на една држава, како рамноправни членови на глобалното општество и да се обрати внимание на проблемите со кои се соочуваат“.

Извештајот е објавени непосредно пред седницата на Генералното собрание при ОН закажана за следната недела, со прашањата за раселените лица, на врвот на дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он