Военоморските сили на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, во борбата против шиитските бунтовници во Јемен ги блокирале пристаништата во земјата, изјави портпаролот на коалицијата, Ахмед Асири.
Целта на ваквата мерка е да не им се дозволи влез или излез на борци и оружје во или од Јемен, истакна Асири на прес-конференција во Ријад.
Петти ден по ред коалицијата од арапски држави извршува воздушни напади врз шиитските бунтовници Хути и нивните сојузни – воени единици лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех.