Коалициските партнери се обидуваат да ја задржат владејачката коалиција во Израел

Од:

Лидерката на израелската Лабуристичка партија Мерав Микаели, која е клучен партнер во израелската владејачка коалиција, денеска изјави дека сите членки работат на одржување на кревката коалиција.

Коалицијата е под притисок поради внатрешните судири и растечкото насилство со Палестинците.

Претходно овој месец, членка на партијата на израелскиот премиер Нафтали Бенет ја напушти владејачката коалиција, оставајќи ја владата без тенко мнозинство во парламентот и можност за нови национални избори по долгогодишен политички хаос.

Пратеничката Идит Силман ја напушти десничарската партија Јамина, предводена од Бенет, и ѝ се приклучи на опозицијата. Таа во писмото за оставка наведе дека клучните вредности во нејзиниот поглед на светот не се совпаѓаат со моменталната реалност.

Осумчлената коалиција, составена од ултранационалисти, умерени партии и мала исламистичка партија, сега има 60 места исто како и опозицијата во 120-члениот Кнесет. Тоа значително ја отежнува способноста на владата да донесува закони и го зголемува ризикот од предвремени избори.

– Ова сигурно е предизвикувачки момент за коалицијата. Политички гледано, има пречки, изјави Микаели, но изрази надеж дека владата ќе опстане.

Микаели, која е и министерка за транспорт, рече дека сите партиски лидери работат заедно за да се изнајде секој можен начин да се спаси владата и да се осигура дека таа ќе продолжи да работи како и досега.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски