Коалицијата распореди хеликоптери на границата со Јемен

Од:

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитските бунтовници во Јемен распоредила воени хеликоптери на границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен.

Тоа синоќа во Ријад го потврди портпарол на коалицијата, генерал Ахмед ал Асири.

Воените хеликоптери ќе се користат откако Хутите нападнаа во петокот саудиски позиции на границата. Тројца саудиски војници беа убиени во напади со рачни фрлачи.

Тоа се првите жртви откако на 26. март коалицијата почна со воздушни удари врз Хутите кои имаат под своја контрола голем дел од Јемен.

– Нема да дозволиме тие бунтовници да ги напаѓаат нашите граници, нагласи саудискиот генерал.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен