Коалицијата на левиот центар извојува тесна победа на изборите во Италија, Берлускони бара пребројување на гласовите

Од:

Коалицијата на левиот центар „Италија заедничко богатство“ (ИБЦ) на Пјер Лујџи Берсани победи на вчерашните општи избори во Италија со освоени 29,56 отсто од гласовите, пред блокот на десницата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони со 29,17 проценти, соопшти италијанската Централна изборна комисија по преброени 99,9 отсто од гласачките ливчиња.

Според ваквите резултати, блокот на Берсани освои 344 од 630-те места во Долниот дом на италијанскиот Праламент, Претставнилкиот дом, што и гарантира стабилно мнозинство. Блокот на Берлускони освои 126 пратенички места, пред популистичката партија на комичарот Џузепе Грило, Движење Пет Ѕвезди (МЦС) со 109 мандати и коалицијата „Со Монти за Италија“ на актуелниот премиер Марио Монти, која ќе има 46 пратеници. Останатите три мандати ги добија три помали партии.

mario-monti-glasa

Но, за разлика од ова, во Сенатот ИБЦ освои 104 или 105 места, па и заедно со 17-те до 20 сенатори на блокот на Монти не ќе може да го обезбеди неопходното мнозинство од 158 мандати во 315-члениот Горен дон на Парламентот. Блокот на Берлускони може да очекува меѓу 113 и 123 сенатори, а МЦС на Грило меѓу 57 и 63 мандати.

По објавувањето на ваквите резултати Берсани оцени дека Италија по изборите се наоѓа во „многу деликатна состојба“.

– Левицата победи во Претставничкиот дом, но не и во Сенатот, изјави Берсани, кој е лидер на социјалдемократската Демократска партија (ПД).

berluskoni-glasa

Од друга страна генералниот секретар на партијата Народ на слободата (ПДЛ) на Берлускони, Анџелино Алфано изјави дека нивната колаиција ќе бара пребројување на гласовите.

– Незначителната разлика на дава целсно право да бараме ново броење. Само Касациониот суд може точно да потврди кој освоил најмногу гласови и кој ќе биде победник, изјави Алфано.

Грило пак оцени дека по ваквите изборни резултати Италија најверојатно се движи кон голема коалиција меѓу левицата и конзервативците на Берлускони. Тој нагласи дека таквата влада ќе биде неизбежна, но оцени дека таа нема да потрае „повеќе од шест-седум месеци“.

Политичките експерти оценуваат дека изборнирте резултати довеле до уште поопасна состојба од онаа што се очекуваше пред изборите, нагласувајќи дека Италија е доведена во ситуација левицата да има мнозинство во Претставничкиот дом, а десницата во Сенатот.

Тие сметаат дека ако не успеат преговорите за формирање голема коалиција, тогаш Италија може да се соочи со нови предвремени избори по неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он