Кнесетот ќе избира нов претседател на Израел

Од:

Израелските пратеници во 120-члениот Кнесетот денеска со тајно гласање ќе избираат нов претседател на Израел, кој ќе го наследи 90-годишниот Шимон Перес.

Официјално претседателската функција во Израел е претежно од формален карактер, но Перес, поранешен премиер и лауреат на Нобеловата награда за мир, ја претвори во должност со меѓународно значење.

Перес се наоѓа на претседателската функција од 2007 година, откако го замени Моше Кацав.

Кампањата за овие избори ќе остане запаметена по тешките клевети. Кандидатите се жалеа дека приватни детективи го нарушувале нивниот приватен живот. Премиерот Бенјамин Нетанјаху повеќепати се обиде да ја блокира кандидатурата на Реувен Ривлин, поранешен претседател на Парламентот и негов ривал во владејачката партија Ликуд.

Според повеќето социолошки анкети, 74-годишниот Ривлин има најголеми шанси да биде избран на преседателската функција и е со најголема поддршка во јавноста.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници