Клинтон: Ако се откажеме од нашaтa слободa после 250 години, можеби никогаш нема да ја вратиме

Од:

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон издаде соопштение за „ужасните сцени“ во Минеаполис и други делови од земјата, „оние за кои никогаш не помислил дека ќе се случат во Америка“.

„Луѓе, вклучително и деца, беа одземени од нивните домови, работни места и улици од страна на маскирани федерални агенти“, рече Клинтон.

Клинтон вели дека „мирните демонстранти и граѓаните кои го искористија своето уставно право да набљудуваат и документираат полициски акции беа апсени, тепани, прскани со солзавец и, најболно – во случаите на Рене Гуд и Алекс Прети – застрелани и убивани.

– Сето ова е неприфатливо и можеше да се избегне, нагласи тој.

Клинтон ги обвини властите дека ја заведуваат јавноста.

„Оние на власт нè лажеа, ни рекоа да не веруваме во она што го видовме со свои очи и промовираа сè поагресивни и антагонистички тактики, вклучително и попречување на истрагите од страна на локалните власти“, тврдеи Клинтон.

Тој предупреди дека САД се во клучен историски момент.

„Во текот на нашите животи, се соочуваме само со неколку моменти во кои одлуките што ги донесуваме и потезите што ги правиме ја обликуваат нашата историја години однапред“, забележа тој.

„Ова е еден од тие моменти. Ако лесно се откажеме од нашата слобода по 250 години, можеби никогаш нема да ја вратиме“, предупреди тој и додаде „Од сите нас кои веруваме во ветувањето на американската демократија зависи да се спротивставиме, да проговориме и да покажеме дека оваа земја сè уште ни припаѓа нам, на народот“.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Бил Клинтон опуштeно, а Хилари со презир одговараше на прашањата за Епштајн

Бил Клинтон тврди дека ништо не знае за злосторствата на Епстин

Горан Наумовски

Клинтонови се согласија да сведочат за Епстин

(ВИДЕО) Американски судија ја исправи неправдата: Нареди ослободување на уапсениот петгодишник

(ВИДЕО) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Горан Наумовски

ВИДЕО: Шефот на граничната полиција го напушта Минеаполис, доаѓа „граничниот цар“