Клинт Иствуд го поддржа Мит Ромни

Од:

Познатиот актер и режисер Клинт Иствуд официјално го поддржа републиканскиот кандидат за претседател на САД, Мит Ромни.

Иствуд изразувајќи ја својата поддршка за Ромни во изборната трка со демократот Барак Обама, изјави дека на САД сега им е потребно некој „да ги турне напред“.

Учествувајќи на донаторската вечера, на кој присуствуваше и Ромни, легендарниот актер истакна дека Ромни го запознал за време на снимањето на филмот „Мистична река“, на почетокот на минатата деценија во Масачусетс.

Ромни тогаш беше кандидат за гувернер. Помислив Господе ова момче е премногу згодно за гувернер, повеќе изгледа на претседател, рече Иствуд не вечерата.

Тој го поддржа новиот даночен систем, кој го предлага Ромни, оценувајќи дека со него ќе биде спречено некој да плаќа, а некој да не плаќа даноци.

Кога Ромни повторно го зеде микрофонот им се обрати на присутните со познатиот цитат од филмот „Валканиот Хари“. – Ми го разубаве денот. Какво момче, изјави Ромни, поздравувајќи го Иствуд.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху