Климкин: ЕУ и САД треба да и достават воена помош на Украина

Од:

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин денеска ја повика Европа и САД да почнат да доставуваат оружје бидејќи само така проруските сепаратисти ќе бидат обесхрабрени и мирот во источна Украина ќе биде воспоставен.

Тој наведе дека и покрај договорот од Минск примирјето секој ден се нарушува, а од април досега загинале 4.300 луѓе.

– За да се намалат тензиите во Украина неопходно е проруските сепаратисти да ја повлечат артилеријата од фронтовската линија на Доњецката и на Луганската област и да се дозволи меѓународен мониторинг на руско-украинската граница, да се ослободат околу 500 заробеници и да се дозволи пристап до хуманитарната помош, посочи Климкин.

Тој истакна дека европските и американските партнери на Украина грешат кога мислат дека доставата на оружје и воено-техничка помош ќе создаде потенцијал за ескалација на тензиите во Украина.

– Напротив таквата помош ќе биде важен чекор кон намалување на тензиите, бидејќи никој нема да преземе нешто ако украинските сили станат посилни, посочи Климкин.

ЕУ и САД засега воведоа само санкции кон Русија, но не испратија воена помош за Украина и покрај барањата на Киев.

Во исто време во Киев почна со работа мисијата на ЕУ за реформи на системот за цивилна безбедност. Во првата етапа во Украина беа распоредени 50 меѓународни советници, а во втората етапа ќе се распоредат уште 50 експерти. На стоте меѓународни експерти ќе им се придружат повеќе од 70 Украинци.

На 17 ноември Брисел и Киев потпишаа договор за статутот на мисијата на ЕУ во Украина која ќе биде задолжена да го реформира секторот за внатрешна безбедност.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион