Кличко: Војната во Украина ги засега сите во Европа

Од:

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека војната во Украина ги засега сите во Европа, бидејќи не се знае која е крајната цел на рускиот претседател Владимир Путин.

„Неговата амбиција е обнова на Советскиот сојуз. Денеска Доњецк и Луганск, утре можеби Полска. Прашање е колку Путин далеку ќе отиде и оваа војна може да влијае на сите во Европската унија“, изјави Кличко за регионалната телевизија Н1.

Кличко, изјави дека Украина од САД и НАТО очекува одбранбено оружје и додаде дека дел од најавената американска воена помош веќе пристигнала во Украина.

„Веќе долго бараме затворање на воздушниот простор над Укрина. Ако тоа не може да го направите, дајте ни оружје, ние сами ќе го затвориме небото, изјави тој.

Украинските војници, рече Кличко, ги спречија „плановите на агресорот да го уништи Киев“ и со тоа „сите се изненадени“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромен руски напад, 20 мртви во неколку градови, погодена детска болница во Киев

Горан Наумовски