Кличко вечерва со членовите на „Удар” во окупираниот парламент

Од:

Лидерот на украинската опозиција и светскиот боксерски шампион Витали Кличко најави дека вечерва ќе ги предводи членовите на неговата партија “Удар” за време на окупација на парламентот.

Членовите на “Удар” две недели го блокираа пристапот до гласачките места и говорницата на претседателот на парламентот, како дел од напорите да ги принудат пратениците лично да се појават за време на гласањето.
Партијата го обвини пратеници од другите партии дека не присуствуваат на седниците и на другите колеги им дозволуваат да ги користат нивните картички за да гласаат.

Кличко изјави дека очекува во текот на ноќта насилно да бидат исфрлени од парламентот.

– Ние не влеговме во политиката поради тепачка. Ние сме тука за да осигураме дека се јасни правилата и дека не постојат двојни стандарди – изјави Кличко, кој минатата година влезе во парламентот.

Ако работата на парламентот е блокирана 30 дена, можно е распишување на нови избори.
Другите членови на неговата партија остануваа во зградата на парламентот во изминатите две ноќи.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари