Кличко: Украина повеќе не „мириса“, туку „смрди“ на авторитаризам

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го за централизирање на власта и уништување на демократските институции под маската на воена состојба.

Во интервју за „Бритиш Тајмс“, Виталиј Кличко тврди дека Украина повеќе не „мириса“, туку „смрди“ на авторитаризам.

Во статија објавена во „Тајмс“, која ги анализира ставовите на најпознатите украински политичари, се наведува дека Володимир Зеленски, користејќи ја воената состојба воведена по почетокот на руската инвазија, назначил воена администрација во Киев чии овластувања се преклопуваат со оние на градоначалникот.

Кличко верува дека овој потег е дел од поширока стратегија за концентрирање на моќта во рацете на претседателот.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од големата антикорупциска истрага што ја спроведува Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ).

За време на операцијата, наречена „Чист град“, беше откриена широко распространета корупција во придружбата на Кличко, а најмалку седум негови соработници беа уапсени.

„Ова е чистка на демократските принципи и институции под изговор на воена состојба“, рече Кличко.

Би можело да ве интересира

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Орбан го предупреди Зеленски: Ќе ја „пробиеме“ нафтената блокада, не се плашам од закани по мојот живот

Горан Наумовски

Фицо: Воопшто не му верувам на Зеленски