Кличко: Нови експлозии во Киев

Од:

Централниот Шевченковски реон во главниот град на Украина рано утринава беше погоден од експлозии, вторпат во една недела, а градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека се оштетени неколку станбени згради.

„Спасувачите се на самото место“, напиша Кличко во Телеграм, додавајќи дека како последица на напад со дрон избувнал пожар во зграда каде нема жители.Во моментов нема извештаи за жртви.

Во Шевченковски реон има многу универзитети, студентски кафулиња и ресторани. Областа беше погодена и минатиот понеделник од неколку експлозии, кога Русија ја нареди својата досега најголема воздушна офанзива против украинските градови како одговор на експлозијата на мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“