Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги повика западните сојузници да продолжат со снабдување со оружје на Украина во нејзината војна против Русија.
Ве молиме поддржете нè“, изјави поранешниот професионален боксер во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
„Ние сме во состојба да го затвориме сопствениот воздушен простор. Но, дефинитивно треба да го набавиме вистинското оружје“, нагласи Кличко. НАТО постојано го отфрла наметнувањето на зона на забранети летови над Украина, стравувајќи дека тоа би можело да доведе до директен воен конфликт меѓу Русија и Западот.
Според Кличко, Киев досега има регистрирано повеќе од 200 убиени цивили. Околу два милиони луѓе остануваат во градот, рече тој.
„Не заборавајте дека ние ја браниме нашата земја, но во исто време ги браниме и основните вредности на европската демократија“, рече Кличко.
– Мојата порака е јасна.