Клаус верува дека цела Европа ќе ја напушти ЕУ

Од:

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус денес во Прага на промоцијата на својата нова книга „Чешка на крстосница“, изјави дека верува дека на крајот цела Европа ќе ја напушти Европската унија и дека стариот контенент ќе се развива поинаку.

-Ние дури и не сакаме Чешка посебно да ја напушти ЕУ. Ние страшно сакаме ЕУ да ја напушти цела Европа. Јас навистина мислам дека порано или подоцна Европа ќе ја напушти унијата и дека ќе ги остави господинот Баросо и Ромпеј да седат сами во Брисел, а дека тој контитент ќе се развива сосема поинаку-изјави некогашниот претседател.

Книгата „Чешка на крстосница. Време за одлука“ Клаус ја напиша со уште неколку свои соработници од евроскептичниот, конзервативен Институт Вацлав Клаус. Во неа авторите даваат анализа на сегашната криза во општеството и стопанството, како и предлози за нејзино решение.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?