Египетскиот кривичен суд денеска го одобри барањето на Државното јавно обвинитеството за заплена на имотот на претседателот на Управниот совет на Муслиманското братство, Мухамед Бедија, како и а уште 24 челници на ова исламистичко движење, јави агенцијата Анадолија.
Египетското обвинителство на 14 јули побара на лидерот Муслиманското братство, Мухамед Бедија, на неговиот заменик Хајрат ел-Сатир и на Махмуд Изет, Мехди Акиф, Мухамед Саад Кататни, Рашад Бејуми, Исам Арѕан, Исам Султан, Сафвет Хицази, Мухамед Билтеци, Асим Абдулмајид, Хазим Салах Ебу Исмаил, Тарик Зумур и Мухамед Умдеј да бидат запленити имотите и да се стави забрана за нивна употреба.
Египетскиот кривичен суд со оваа одлука и официјално го потврди наведеното барање на Египетското обвинителство.
Инаку, египетските власти тврдат дека одлуката на Обвинителството да ги замрзне имотите на високите функционери на Муслиманското братство е дел од истрагата што се води против нив.