Документарен филм за Грета Тунберг е највен за идната година. Приказната ќе ја следи шведската тинејџерка од првиот ден од нејзината борба против климатските промени, но и тоа колку политика има во таа борба.
Филмот, чијшто работен наслов е „Грета“, ќе го режира Нејтан Гросман. Во него ќе се содржи и нејзиното учество на меѓународните протести, како и говорите одржани годинава на Самитот на ОН во Њујорк и на Самитот за климата во Мадрид.
Планирано е филмот да се сними и премиерно да биде прикажан наредната 2020 година.
Тунберг неодамна, во угледното списание „Тајм“, беше прогласена и за личност на годината поради нејзината кауза и борба.