Кишида ќе ги прекине врските со Обединувачката црква по убиството на Абе

Од:

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека неговата владејачка партија ќе ги прекине врските со Обединувачката црква по скандалот предизвикан со убиството на поранешниот лидер Шинѕо Абе.

Распространетите заемно корисни врски меѓу членови на владејачката Либерално – демократска партија и црквата излегоа на виделина по убиството на поранешниот јапонски премиер Абе. Тој им подлегна на повредите откако беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.

Осомничениот, уапсен на лице место, наводно во полиција појаснил дека го убил Абе поради неговата очигледна врска со црквата.

Оттогаш членови на партијата на Кишида признаа за врски со црквата и организации поврзани со неа. Кишида направи промени во својот кабинет, отстрани седум министри поврзани со такви организации и со црквата. Потоа и други министри и нивни соработници признаа врски со оваа црква.

Кишида се извини за предизвикување сомнеж во јавноста и грижи поради континуираните откритија во медиумските извештаи за врски на партијата со црквата.

Обединувачка црква е основана во Јужна Кореја во 1954 година и пристигна во Јапонија една деценија подоцна. Позната е по одржување масовни свадби, како и поттикнување на нејзините следбеници да даруваат големи донации за неа.

Владата информираше дека погребот со државни почести на Абе ќе биде на 27 септември во „Нипон Будокан“ во Токио.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски