Кириленко: Најмалку 10 загинати во руското гранатирање фабрика на исток

Од:

Најмалку десет лица загинаа денеска, а 15 се повредени во руското гранатирање на хемиска фабрика во градот Авдеевка во источна Украина, изјави гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко.

„Русите точно знаеја каде да нишанат, работниците штотуку ја завршија смената и чекаа автобус на автобуската станица да ги однесе дома. Уште едно цинично злосторство на Русите кај нас“, напиша Кириленко на Телеграм.

Тој предупреди дека бројот на жртви може да расте.

Авдеевка, град со околу 30.000 жители, се наоѓа на неколку километри од градот Доњецк, главниот град на самопрогласената Доњецка Народна Република, која е под контрола на проруските сепаратисти.

Градот беше место на жестоки борби по избувнувањето на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во 2014 година, но ситуацијата е релативно мирна од почетокот на руската инвазија на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски