Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Од:

Претставници на Киргистан и Таџикистан денеска разговараа и се договорија да ги прекинат судирите на заедничката граница додека траат преговорите меѓу двете страни, соопштија киргистанските власти, а пренесе Тасс.

Договорено е за време на прекинот на огнот, што почнува денеска во 10 часот по локално време, претставниците на двете гранични служби да одржат состанок, наведува руската агенција.

Киргистан претходно соопшти дека таџикистанските сили повторно отвориле оган врз неколку нејзини гранични пунктови по кратката пресметка од пред два дена, што претставува нова ескалација на тензиите меѓу двете земји, јавија британските медиуми.

Киргистанските војници возвратиле со оган за време на овие инциденти, што се случуваат долж целата граница, соопшти граничната служба.

Таџикистан, од своја страна, ги обвини киргистанските сили дека со „тешко оружје“ гранатирале еден од нивните гранични пунктови и седум села.

Киргистанскиот претседател Садир Жапаров и претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон вчера и денеска учествуваат на регионалниот безбедносен самит на Шангајската организација за соработка во Узбекистан.

Киргистанските и таџикистанските сили пред два дена повторно разменија оган во граничниот спор, а притоа еден таџикистански граничен чувар е убиен, а двајца други се повредени, потврдија официјални лица од двете страни, пренесоа британските медиуми.

Во двете централнозиски земји се распоредени руски воени бази, а Бишкек и Душанбе одржуваат блиски врски со Москва, која неделава експресно реагираше со повикот на прекин на непријателствата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

ВИДЕО: Земјотресот од Таџикистан се почувствува и во Кина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силен земјотрес утрово го погоди Таџикистан

Горан Наумовски