Кирби: Соледар е најобично село, не е клучно за војната

Од:

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека преземањето контрола врз Соледар не е критично.

Како што наведе, преземањето контрола над Соледар и Бахмут не е клучно за понатамошниот развој на конфликтот во Украина и нема да има никакво „стратешко влијание врз самата војна“, бидејќи тоа е, како што рече, „мало село во Донбас“.

„Видов што зборуваат Русите на оваа тема. Украинците велат поинаку. Ние немаме свои сили на теренот, така што не можам да го потврдам заземањето на Соледар. Не знаеме како понатаму ќе се развива ситуацијата, така што нема да предвидувам никаков успех или неуспех“, рече тој.Кирби.

Според него, Русите се заинтересирани, како што вели за, „најобичното село во Донбас“, бидејќи е важна точка за натамошното преземање на Бахмут, но и местото каде што се наоѓаат рудниците за сол, а Соледар е интересен и поради економскиот аспект.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО