Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби денеска ги демантираше информациите дека преговорите за прекин на огнот во Газа, кои се одржуваат оваа недела во Каиро, се на работ на колапс и додаде дека е постигнат напредок, иако разговорите главно ги воделе израелски и египетски преговарачи.
Кирби, исто така, истакна дека разговорите во Каиро продолжуваат денеска и дека директорот на ЦИА Вилијам Барнс ќе учествува во тие разговори, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека разговорите за примирјето во Појасот Газа се конструктивни, и дека е неопходно сите страни да се обединат за да работат на имплементација на предложениот договор.