Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, на својот официјален профил на Х/Твитер тврди дека телото на Навални не е во мртовечницата во близина на затворот, каде им било посочено дека е.
Таа напиша дека мајката и адвокатот на Навални биле во мртовечницата, но била затворена. Од затворската колонија ги убедувале дека мртовечницата работи и телото на починатиот руски опозиционер е таму.
Alexey’s lawyer and his mother have arrived at the Salekhard morgue. It’s closed, however, the colony has assured them it’s working and Navalny’s body is there. The lawyer called the phone number which was on the door. He was told he was the seventh caller today. Alexey’s body is… pic.twitter.com/CsPbONUBrn
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) February 17, 2024
Претходно Јармиш, исто преку Твитер, изјави дека семејството добило потврда за смртта на Навални.
„Бараме телото на Алексеј Навални веднаш да му биде предадено на неговото семејство“, рече Јармиш.