Двете најраспространети кинески вакцини против Ковид-19, развиени од Синовак и Синофарм, се покажаа како ефикасни против делта варијантата на коронавирусот, според студијата објавена денес во Кина.
Двете вакцини беа 52 отсто ефикасни против делта инфекција и 60 отсто ефикасни за симптоматска болест, напишаа истражувачите, објави Ројтерс.
Студијата не собра доволно податоци за да се утврди ефикасноста на двете вакцини одделно или по возрасни групи, велат истражувачите од локалните Центри за контрола на болести и два кинески универзитети во трудот објавен во Annals of Internal Medicine.