Кинезите и Јапонците се уште малку веруваат едни на други

Од:

Едно пообемно испитување на јавното мислење, спроведено во јули и август, истовремено во Кина и Јапонија, покажува дека меѓу жителите на двете големи азиски земји се уште постои недоверба.

Резултатите покажуваат дека современите  односи, како и настаните од подалечната и поблиската историја се повеќе основа за песимизам во ставовите дека  наскоро нешто позитивно ќе се промени.

Испитувањето, во кое во двете држави учествувале над 4.000 анкетирани граѓани, чии резултати се објавени истовремено и во Пекинг и во Токио, покажало дека јавноста во Кина и Јапонија е свесна за значењето на добрите односи меѓу двете држави, но 65 посто од анкетираните во Јапонија и 70,6  посто во Кина сметаат дека се мали или сосема мали шансите односите да се нормализираат.

Ова е десето испитување на пулсот на јавноста во двете најмоќни држави во Азија. Го спроведуваат кинеската медиумска асоцијација „Чајна дејли’’ и непрофитната тинк-танк групација  „Генпрон НПО’’ од Токио.

Последното вакво испитување е направено пред две години, а основната цел на авторите на ова истражување била да дознаат и да соопштат дали територијалните спорови, стратешко-политичките разлики и се уште незаборавената јапонска окупација во Втората светска војна имаат влијание врз мислењето на јавноста.

Во Кина биле анкетирани 1.539 жители на петте најголеми градови, 201 студенти по меѓународни односи и 813 студенти и професори на петте престижни универзитети во Пекинг. Во Јапонија имало 1.000 анкетирани по случаен избор и 628 интелектуалци, кои, воглавно, ги познаваат односите меѓу двете држави.

Резултатите од ова испитување ќе бидат главна тема на Форумот  „Пекинг-Токио’’, што  во втората половина на септември ќе се одржи во јапонскиот главен град. Организаторите веруваат дека овој дестти по ред Форум, ќе провоцира сериозни, позитивни влијанија што ќе помогнат за подобрување на кинеско-јапонските односи.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски