Кинески воени бродови навлегоа во територијалните води на Јапонија

Од:

Четири кинески воени бродови навлегоа во територијалните води на Јапонија во архипелагот Сенкаку, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Кинеските бродови навлегле околу 12 наутички милји (околу 22 километри) околу Кубашима, еден од островите на архипелагот Сенкаку, што Кинезите го нарекуваат Диаоју, што Пекинг го смета за своја територија.

Пред повеќе од два месеци кинески бродови навлегоа во територијалнитре води околу Сенкаку, кој е во Источно Кинеско Море, на околу 200 километри источно од Тајван и околу 400 километри западно од јапоснкиот остров Окинава.

Во септември ескалира територијалниот спор меѓу Токио и Пекинг поради спорниот архипелаг, каде има наоѓалишта на нафта и на гас.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа