Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес слета на аеродромот во Тајпеј, Тајван, пренесува АП.
На тој начин, Ненси Пелоси стана највисоката американска функционерка која посетила остров во последните 25 години.
Борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската народноослободителна армија полетаа вечерва по локално време во правец на Тајван, јавува кинеската централна телевизија.
Авион СУ-35 го преминува Тајванскиот теснец.
Оваа посета предизвика зголемување на тензиите меѓу Кина и САД. Кина тврди дека Тајван е дел од нејзината територија, која ќе биде припоена со сила доколку е потребно, а посетите на странски владини претставници ги гледа како признавање на суверенитетот на островот.
Кина предупреди на „одлучни и силни мерки“ доколку Ненси Пелоси продолжи со патувањето.
Администрацијата на Бајден не ја повика експлицитно Ненси Пелоси да го откаже патувањето.