Кинеската војска тврди дека извршила проверка на борбената готовност околу Тајван

Од:

Кинеската војска денеска соопшти дека извршила проверка на борбената готовност во морето и воздушниот простор, извршена деновиве, околу островот Тајван, што Кина го смета за нејзина територија.

Војниците континуирано ги зајакнуваат својата обука и подготвеност за војна, и ќе спречат секакво мешање на надворешни сили или сплетки во потрагата по „независноста на Тајван“, се наведува во соопштение на кинеската војска, јавија странски медиуми.

Тајван пред два дена информираше за најголемиот упад на кинеските воздухопловни сили од јануари во своето подрачје на противвоздушна одбрана. Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека тајванските борци алармирале 30 авиони за најновиот пораст на тензијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени