Кинеската авиокомпанија „Ер Чајна“ ги откажува летовите кон Пјонгјанг

Од:

Кинеската авиокомпанија „Ер Чајна“, единствената странска авиокомпанија што извршува редовни комерцијални летови кон Северна Кореја, ќе ги откаже од понеделник летовите на релација Пекинг-Пјонгјанг, објави кинеската телевизија.

Кинеските медиуми не дадоа образложение за укинување на летовите.

Кинеската „Ер Чајна“ и севернокорејската „Ер Корјо“ се единствени две авиокомпании што вршат летови на таа релација.

Најавата следува откако армијата на Северна Кореја се закани денеска со „немилосрден одговор“ на каква било провокација од САД.

Претходно, американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на американски разузнавачки извори, јави дека САД се подготвени да извршат превентивен напад со неконвенционално оружје врз Северна Кореја доколку биде извршена уште една нуклеарна проба.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел