Кина забрани извоз на средства за произведство на нуклеарно, билошко или хемиско оружје во Северна Кореја

Од:

Кина соопшти дека го забранува извозот за Северна Кореја на секакви материјали и технологии што можат да послужат за производство на нуклеарни, хемиски или биолошки оружја.

Четири кинески министерства денеска објавија список од 236 страници со забранети материјали, меѓу кои фигурираат ракетни системи или составни делови на нуклеарни детонатори.

Оваа мерка претставува „исполнување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН“, кои забрануваат испораки на опрема за Пјонгјанг, се наведува во заедничкото соопштение на четирите министерства.

Кина е единствениот влијателен сојузник на Северна Кореја. Се смета дека само Пекинг може да има влијание врз непредвидливиот режим во Пјонгјанг. Истовремено, Кина честопати е обвинувана дека ја попречува работата на ОН во обид да биде избегнато воведувањето строги казнени мерки кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски