Во судар на бродови на југот на Кина загинаа 11 лица, јавуваат денеска кинеските државни медиуми.
Кинеската централна телевизија извести дека во вчерашниот судар на два брода на реката Јуан во јужната провинција Хунан, 11 лица го загубија животот, едно се води за исчезнато, а 10 се повредени и хоспитализирани.
Сударите на бродови се многу чести во Кина, иако безбедноста на речниот сообраќај се подобрува.