Кина: Важно е во американската политика да заживее објективноста и разумот

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји вчера изјави дека Пекинг е подготвен да соработува со новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за неколку приоритети, но го предупреди Вашингтон да не прибегнува кон антикинески „мекартизам“.

По повеќемесечна директна конфронтација со владата на претседателот во заминување Доналд Трамп, министерот Ванг кажа дека се надева дека двете водечки светски економски сили по промената на власта во Белата куќа, на 20 јануари, ќе се вратат кон дијалогот и климата на „взаемна доверба“.

-Важно е во американската политика кон Кина што е можно поскоро да заживее објективноста и разумот, рече Ванг во онлајн говорот пред њујоршкиот Институт „Азиско општество“.

Во својот настап министерот уверуваше дека Кина верува дека со идната администрација на Бајден постои „можност за соработка“ во неколку приоритети: борбата против пандемијата, економската криза и климатските промени.

-Се надеваме дека ќе можеме да ја прошириме соработката и да ги решиме разликите преку дијалог, дополни тој.

Администрацијата на Трамп во последните неколку месеци го прекина дијалогот со Пекинг, што траеше со децении, и се впушти во сеопшта пресметка со него.

Американското Министерство за трговија стави 59 нови кинески субјекти на својата „црна листа“, вклучувајќи ги Универзитетот Тијанџин и Технолошкиот институт во Пекинг. Секој извоз на американска технологија од овие субјекти ќе бара посебно одобрување.

Причините за овие нови санкции ја сумираат големината на поплаките на Вашингтон: кршење на човековите права и масовно следење, кражба на деловни тајни на американски компании и пренасочување на увозот од САД за воени цели, заплашувачки кампањи во Јужното кинеско море…

Кинескиот министер ги обвини американските власти, без да ги именува, дека вежбаат „претпоставка за вина“ кон Кина.

-Тие ги игнорираат многуте наши заеднички интереси и соработката на нашите две земји, тврдејќи дека Кина е главната закана, рече тој.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Артан Груби се повлекува од јавниот живот откако се најде на „црната листа“ на САД

A1on

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата