Кина утре во вселената испраќа двајца астронаути

Од:

Кина утре ќе ја лансира својата прва вселенска мисија со човечки екипаж, јавија денеска кинеските медиуми, што е еден од чекорите на официјален Пекинг кон воспоставување кинеска вселенска станица.

Астронаутите Џинг Хаипенг и Чен Донг утре ќе се наоѓаат во вселенскиот брод „Шенжу-11“ кога тој ќе биде лансиран од космодромот Џиукван, во пустината Гоби, јави кинеската државна агенција Ксинхуа, а пренесуваат француските медиуми.

Тие за два дена треба да стигнат во кинеската вселенска лабораторија „Тјангонг-2“и во неа да останат 30 дена, пред да се вратат на Земјата.

Џинг, 50-годишен астронаут кој веќе двапати престојувал во вселената, ќе биде командант на летот до лабораторијата, која беше лансирана претходниот месец.

Тој и Чен во текот на престојот во вселената ќе изведуваат истражувачки проекти во врска со поправка на опрема во вселената, воздухопловна медицина, вселенска физика и биологија, атомски часовници и истражување на соларните бури.

Официјален Пекинг вложува милијарди долари во својата вселенска програма, во напорите да фати чекор со САД и Европа, наведуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени