Кина се спротивставува на севернокорејското лансирање на новата балистичка ракета

Од:

Кина се спротивставува на севернокорејското лансирање на нов тип на балистичка ракета со среден до долг дострел, спротивно на резолуцијата на ОН, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

И руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се загрижени поради најновото лансирање на балистичка ракета и ги повика сите земји да се здружат за какви било активности што би можеле да ја ескалираат ситуацијата.

САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа итни консултации со Советот за безбедност на ОН за севернокорејското лансирање на новиот тип на балистичка ракета со среден до долг дострел, наведе денеска претставник на мисијата на САД во ОН.

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја користела систем на „ладно исфрлување“, каде проектилот го поттикнува компресиран гас и наведе дека станува збор за нов тип на ракета со среден дострел.

Воени извори од Јужна Кореја истакнаа дека ракетата достигнала висина од 550 километри и дека паднала во море откако поминала 500 километри.

Пентагон соопшти дека не станува збор за интерконтинентална балистичка ракета.

Северна Кореја потврди дека во неделата успешно тестирала нов тип на балистичка ракета со среден до долг дострел.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун лично го наредил тестирањето на новото оружје за кое Пјонгјанг тврди дека е приспособено да носи нуклеарна глава.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата е лансирана од воздухопловната база во западната провинција Северен Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски